И се исполни желбата на малата Ања

talia_bezkosa
Лифтот пак не работи
Го притискам копчето, тропам на врата-џабе
„комшија џабе чекаш, заглавен е лифтот“
-ми вика еден што се симнува по скали
„како заглавен, па нели пред 2 дена го поправија?“
„оној новиот од 11-ти спрат се заглави меѓу катови
и штрајкува со глад“
„зошто?“
„не знаеме зошто, не се јавува на мобилен, изгледа умрел од глад“
„ па што не ги викнете оние од МАКЛИФТ?“
„ги викнавме, не била нивна работа, се јавивме и во полиција
и они не откачија пошто не знаат со сигурност
дека има мртовец и се јавивме во Министерство за скали и лифтови
они ветија дека ќе формираат комисија и така…ќе почекаме“
„а бе и тој сељак, уште кога се всели ми беше сумњив
со кокошките што ги чуваше на балкон“
„нема више кокошки..ги поделивме“
„а за мене?“
„ти оставивме едно крилце во сандуче, провери си“
Го отварам сандачето-стварно ми оставиле
И така ,тргнав пешки нагоре, го грицкам крилцето
и на скалите помеѓу 2-ри и 3-ти ја гледам малата
Ања, си седнала и нешто црта
„што црташ? … аха куќа, лулашки и двјаца фатени за раце
кој се тоа?…татко ти и мајка ти ?“
„не..тоа ми е симпатијата од градинка“
„ама изгледа дечко ти е штом сте фатени за раце“
„не, не ме сака“- со тажни очиња ми одговара
„тебе не те сака?..па ти си преубаво девојче“
„не ме сака затоа што немам коса, он сака девојчиња
со долги коси“- веќе и солзи и’ течат
„ќе ти порасне и тебе, не плачи“
„нема да ми порасне..ги слушнав моите како зборуваат,
од тоа што ми го прават во болница нема
да ми порасне косата, можеби ни јас нема да пораснам“
Леле бе девојче, срцево ми го скина, баш ми е жал за неа
ама со оглед на тоа колку е болна
ќе биде среќна ако поживее уште година-две
„имам идеја , почекај ме тука , брзо се враќам“
Отрчав најбрзо што можам и се враќам за пола саат
„Еве Ањичка, ова е за тебе“
„што е ова ..перика?“
„да , перика..кога ќе влезеш во градинка ќе ја
ставиш на глава и ќе имаш најубава и најдолга коса“
Ги избриша солзите и ме гушна..ја оставив да
си го доврши цртежот
После некој ден гледам лист хартија бутнат под врата
„фала чичко Зоки..сега ме сака“ и нацртано
огромно црвено срце
Уфф како ми дојде убаво на душава, со ниедни пари
не се купува тоа чувство,
никаква Нобелова Награда нема да те направи посреќен
Посетено 5.416 пати