Хроно исхрана – да или не?

Што е хроно диета и дали е безбедна како начин на исхрана

[quote align=”right” color=”#9bc832″]„Хроно диетата стана светски популарна најмногу заради нејзиното основно правило – јадеш колку сакаш“[/quote]

[dropcap]А[/dropcap]ко досега не сте чуле за хроно исхрана, тоа значи дека воопшто не сте во тек со најновите трендови во исхраната. Постојано расте бројот на луѓе коишто ја применуваат оваа исхрана најмногу заради брзите резултати, односно посакувано слабеење. Хроно диетата стана светски популарна најмногу заради нејзиното основно правило – јадеш колку сакаш. Нема броење на калории и нема изгладнување. Ваквиот начин на исхрана потврдува дека не е важно само што јадеш, туку и кога јадеш.

hrono-ishrana-da-ili-ne_image

Овој принцип на јадење во одреден временски период е многу стар и потекнува од Ајурведата, антички систем на традиционална медицина што потекнува од Индија, кој ја истакнува важноста од јадење (и живеење) според природните дневни циклуси за одржување на здравјето. Слично на ова, во традиционалната кинеска медицина се верува дека секој орган поседува свој ритам на работа и затоа одредените терапии треба да се применуваат во одредено време од денот. Цела источна мисла за функционирање според биоритамот, во Западниот свет се преведува со светски популарната – хроно диета.

Другите правила на хроно исхраната вклучуваат дека треба да се јаде на секои 4-5 часа, појадокот треба да биде обилен а ручекот и вечерата се на база на протеини. На самиот почеток, има рестриктивен период со минимално време од 28 дена, со цел телото да се прилагоди на новиот начин на исхрана.

Што е забрането во хроно исхраната, Позитивни страни, Негативни страни …

[button color=”#000″ background=”#9bc832″ size=”large” src=”http://pharmanews.mk/hrono-ishrana-da-ili-ne/“]Прочитајте овде …[/button]

Посетено 2.294 пати

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.