Готвење ручек на ТВ

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
Готвење ручек на ТВ:

1) Кујната свети;
2) Предјадење, главно јадење и десерт се спремаат за 30 минути, паралелно!;
3) Кујната пак свети.
Готвење ручек дома (по истата рецепта од ТВ):
1) Кујната свети…добро не баш секогаш Smile
2) Готвење, се вкупно 5 саати, од кои само на припрема (барање соодветни тави, тенџериња и читање на рецептата) трошам 2 саати; главното јадење за ручек обично е готово за вечера; а десертот најчесто го оставам за утре, или задутре евентуално, оти сум папсана;
3) Во кујната како да паднала бомба – три дена после тоа садови не можам да измијам!
Луѓе бре, да не има некој трик нешто, до мене ли е што ли е? Smile

winner-Life_RZ

Посетено 359 пати