горко слатко…слатко горко – Ана Бунтеска

kibritcinja dve_majkatiitatkoti
Никого да не сакаш толку
за да ти се скини душата
никого…
оти после таква љубов
нема да ги сеќаваш другите
и нема да го познаеш тој што лек ти е
од Господ пратен за да те излечи
да залепи таму кај шо се скинало
ете тој, тој без љубовта твоја ќе е
оти очи ќе немаш за да го видиш
и ко глува за зборовите негој ќе си
оти умот и срцето кај оној ќе ти биди
е таму, кај оној што ти ја потпалил среќата
од чии раце кожата те боли
и од чии усни твоите те печат
горко-слатко
слатко-горко
никого
никого толку да не сакаш
за да се поболиш
за да станиш сенка
од која и сонцето бега
сакај со усул
сакај се себе повеќе
барем трошка повеќе од колку него што го сакаш
еден здив повеќе, доста ќе е
тој здив за себе да го имаш
за да го задржиш кога најмногу ќе боли
да го голтнеш тогаш кога телото те вие
кога ти умира вербата
и кога ти застудува сред лето
тој здив ќе те спаси
и со него ќе преживееш
тогаш кога ќе го сретнеш
од тој здив нема пред него да паднеш
тој на нозе ќе те држи
и главата горе ќе ти ја крепи
како се’ да е токму
како се’ тамам да ти е
насмеана-а умрена
своја-а толку негова
горда-а на колена падната
тој здив ќе ти даде уште некоја година
дур не ти се смачи
и од себе и од него
од љубов и бол
од отрови и лекови
и ќе го испуштиш
иако знаеш дека последен ти е
ќе го испуштиш оти не ќе ти се живее повеќе
оти од себе без него доста ќе ти е
и гадливо ќе ти е како тој без тебе преживува
ете затоа
никого да не сакаш толку
за да ти се скини душата
никого…
оти после таква љубов
ниту љубов има
ниту живот има
ништо
ништо не останува
освен еден осамен здив

595х90 px-01

Посетено 2.550 пати