Голема прослава на Празникот на музиката со Алфа Аудио во “Skopje City Mall”

По повод Празникот на музиката на 21 јуни, компанијата АЛФА АУДИО за љубителите на квалитетниот звук ќе организира специјален музички настан на платото до Тренд Кафе во Skopje City Mall. Настанот го обележува и 21-от роденден на АЛФА АУДИО.

Прославата е дел од од месецот на музиката во АЛФА АУДИО, каде цел месец посетителите можат да искористат попуст од 10% до 25% на целиот асортиман.

Месец на музиката и попусти во Алфа Аудио по повод 21-от роденден

На 21 јуни, посетителите ги очекува убава музика, многу дружење и мали изненадувања. Настанот е одлична можност посетителите да ги покажат своите диџејски способности, бидејќи секој посетител ќе може да си ја пушти музиката што ја сака директно од својот мобилен, благодарение на дигиталниот музички систем Minx Xi. Освен тоа што ќе имаат можност да се запознаат со главниот адут, уредот Minx Xi, посетителите ќе можат да се запознаат и со дел од професионалната опрема која може да се најде во АЛФА АУДИО.

AlfaLogoBanner1180x90_noeffectsАЛФА АУДИО ги поканува сите љубители на квалитетниот звук да дојдат на 21 јуни да го прослават Празникот на музиката и 21-от роденден на АЛФА АУДИО.

Дополнителни информации:


Дигиталниот музички систем Minx Xi претставува специјално замислена направа, од фирма со долгогодишно искуство, која го комбинира традиционалното слушање музика со модерната дигитална технологија.

Minx Xi wireless straming

Целта на Minx Xi е доближување на музиката до што поголема група на слушатели. HI-FI уживателите со сигурност ќе бидат задоволни од звукот на засилувачот на оваа моќна направа, како и помладите на кои високата технологија им е секојдневие.

Minx Xi е олицетворение на модерното живеење, овозможувајќи пристапување и слушање интернет радио станици, преслушување MP3 записи преку USB мемориски картички, пристапување од сопствена домашна интернет мрежа и можност за користење на глобалната мрежа, како и зголемување на квалитетот на старите CD записи во високо резолуциски аудио квалитет за комплетно уживање и доживување.


Компанијата АЛФА АУДИО е ориентирана кон видео и аудио решенија како и кон професионално осветлување. Компанијата функционира како ексклузивен увозник на голем број високо квалитетни брендови и исто така има сопствен сервис и центар за поправка осигурувајќи ја гаранцијата на производите што ги нуди. 

Посетено 542 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!