Годинава нема да фатам боја

zamok od pesok_majkatiitatkoti

Сончевите УВ зраци се штетни.
Озонската дупка се шири во јама.
Пешкирите на плажите се омеѓени
парцели на кои не смее
да стапне туѓо стапало.
Ниту една природна цицка нема да ми
ѕирне под градникот на очите.
Водата е гарант валкана, жешка од мочка.
Сенка нема ни за лек, но сенка не лечи.
Деца и замоци, жени и книги.
Брановите се добри само за прескокнување.
Делфините аздисуваат и кога никој не ги гледа.
Овојпат чамецот ќе потоне без мене.
Нема да пробам синагрида,
ниту еден крак од октоподот многукрак.
Нема да се намачкам со заштитен фактор
зашто во канцеларија носам блузон.
Нема да ме стрефи сончаница
зашто сонцето го ишкаме од дома.
Годинава нема да фатам боја,
ќе си останам бел и за
нијанса подебел.

595x90

Посетено 817 пати