Германски менталитет си е германски менталитет

Па да бе…прашај го татко ти, дедо ти, вујко ти, комшијата.

Овој феномен со векови го фасцинира нашиот народ. Се објаснува како збир од воодушевувачки особини и понашања. Пример: Германците доаѓаат на време на работа, не излегуваат на долги паузи и седат до крајот на работното време. Не фрлаат ѓубре по улица, почитуваат сообраќајни правила и ја сметат корупцијата за негативна и анти социјална појава. Не паркираат по тротоари и тревници. Играат фудбал до девееста минута – кога примаат гол не очајуваат, а кога постигнат не се радуваат се до крајот на мечот. Сума сумарум, еден брилијантен и совршен народ.

И ние би го правеле истото, ама џабе е…тоа го можат само Германците.
Посетено 9.789 пати