Елдан Џигал

dzigi
ЏИГИ
Моите утра се вистинска загонетка, некогаш ги мразам (ако ми се спие) понекогаш ги сакам (ако сум наспан), впрочем секое утро ми е различно а тоа намерно се трудам да го правам од коа го глеав филмот со Бил Мареј“ Денот на Дабарот ме фати параноја да не ми се повторуваа утрата и случките. Али  тешко е да се промени нешто што е рутина или навика. Додека бев ерген станував и едвај со гз преку глава се трудев да стигнам на време на работа, од коа се оженив се е поорганизирано, сопругата на време ме буди (дека станува во 6) додека ја се измијам, утринското чајче и тостот ме чека на маса… а во последно време не буди ќерка ни во 4 така да имам време  од сабајле и  ручек да ставам. После тоа на работа од коа ќе направам чек ин, секогаш прво на својот компјутер си ги проверувам резултатите од натпреварите во НБА што се одиграле вечерта, твитер и фб обавезно си проверуем и пиеме кафенце (3 во 1) со колегите. И денот може да почне.
Посетено 770 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!