Еколошка

gjubre-pocetna_majkatiitatkoti

.
Отпадоци од луѓе,
цел град е полн со нив.
Славеници на неумереноста
кои зад себе оставаат видливи
траги од изарчени задоволства –
или, што би се рекло, гомненици.
Да беа од добиток ќе можеше
да послужат како ѓубриво.
Ѓубриња со мозочни депонии.
Нешто со што ни уличните
чистачи не можат да се справат.
Грижи се за светот ко за твојот двор! –
нè учеа на времето постарите.
Во меѓувреме со појавија некои
други постари и други млади.
Ѓубрето двојно се натрупа,
но тоа речиси никој
не го забележува.

Посетено 270 пати