Е стварно не знам што сум правел вчера

duda_panker
„што ми се смееш бе?“
„не ти се смеам, што ти е?“
„како не?..џабе ми се пушташ, не сум педер“
„па не сум ни јас“
„па што ме шмекаш цело време?“
„јас те шмекам?..па ти не си нормален, ти
цело време ми се смешкаш и ми трепкаш“
„слушај ај престани да ни ја мавнам една“
„не, јас ќе ти мавнам“
Е тука каков бокс сум му удрил, по сред фаца
Се слушна некој чуден, познат звук
а од тупаницава ми пршти крв на сите страни
Гледам него го нема, на плочките скршено стакло
Еј, не е ваљда толку силно да го акнав и да излета низ прозор
-се мислам и се восхитувам сам на себе колку сум силен
„Зоки, Зоки..што направи?“ – го слушам другар ми
како ме вика
Ја отварам вратата и – „ништо бе, акнав еден педер“
-одговарам и се виткам од болка
„каков педер бе, па сам беше во ВЦ-во“ -ме трга на страна
и ѕирка внатре
„а бе пијаницо, ти со огледалото си се степал“
„ај не ме зезај“
„не те зезам, види го скршеново огледало“
„уфф, сум одлепил.. кој знае што све не сум пиел?“- си се чудам
„јас ќе ти кажам, испи све што имаше ..водка, џин-тоник, црнче, текила
па јадеше гулаш па продолжи со виски
па некој таблети буташе, па цеден портокал со цел памет
па „бунар“, „штрафцигер“ па…“
„добро доволно, а девојка ми да не знаеш каде ми е?“
„не дојде со девојка“
„аха… ај однеси ме дома те молам, немам пари за такси“
„не знам кај живееш“
„не?..па ни јас не се сеќавам“
……Наеднаш осеќам некакви капки на лице,
отварам очи и полека се освестувам, уствари се будам
закачен на гранка од дудинката позади моја зграда
Уф, добро е, сум сонувал..каков кошмар….него чекај,
што мајка барам на гранка,
што сум правел вчера?.
Посетено 702 пати