Џемпер со две лица

Пакуј ми го и тој до него, ќе ги купам двата…
put_jySIn1Гледајќи вести се сетив на едно убаво и безгрижно време, кога често се идеше у Италија на шопинг. Ќе си речете, од кај па сеа овој, вести го потсетиле на убаво време…ќе разберете на крај.
У една радња пробуем еден џемпер, скапичок беше пошто O’Neill, и на продавачката и викам: “пакуј ми го и тој до него, ќе ги купам двата”. Гледајќи ме чудно, девојката ме праша: “ама зошто ќе купувате два исти?”. Изненаден “малку”, како го соблакам, така приметувам дека џемперот е со две лица, а она уште ми покажуе: “еве го овој”, па го врти наопаку и ми вика: “еве ти го и оној другион”.
Ова се случи пред самото осамостојување на Македонија…25 години после тоа, ене го џемперот уште здрав и жив, и ништо не му фали за разлика од нашава држава…гледајќи ги политичариве наши увек ме потсеќаат на ТОЈ џемпер.
ЏЕМПЕР со ДВЕ ЛИЦА…на кој ни конец не му фали.
Посетено 1.517 пати