Духовен мир и спокој на еден човек

oko
Креирајќи го Бог човекот, свесен дека секој човек ќе биде со сосема различна душа, со сосема различен карактер од оној другиот, така тој со целосно право им вдахнал живот на сите оние души било да се добри или лоши.
Секој човек е своја галаксија.
Во моментов седам и додека пишувам можеби мислите ми се насочени и на други нешта, но тоа сум јас, тоа е мојата галаксија.
Кога некој друг би седнал и би пишувал, неговите мисли би биле насочени кон нешто друго.
Различни луѓе, различни мисли.Многу е важно, еден човек да е добар, да поседува добрина во душата, зошто кога тогаш таа добрина ќе му се исплати, Бог ќе го награди за неговата добрина на начин само за него познат.
Добрината на еден човек можете да ја видите и препознаете во неговите очи, погледнете ги очите и ќе заклучите веднаш што кријат тие.
Нивниот поглед, нивниот сјај, нивната боја, нивното трепкање кажува се за еден човек.
Сите ние имаме како лоши, така и добри духови во нас кои секојдневно се борат меѓусебно, и секогаш на крајот кај оние посилните преовладува добриот дух, па така човекот ја искажува неговата добрина.
Да се биде добар човек, значи да немаш лоши мисли, да не посакуваш никому лошо, дури ни на оној кој најмногу те повредил во животот.
Да бидеш добар е да немаш омраза, омразата ја јаде душата, го јаде спокојот на човековата душа, па така човекот е со немирен дух и не е спокоен.
Да си полн со омраза тоа значи дека сам си правиш лошо на сопствената душа, на сопствениот мир и спокој.
Надворешните влијанија, секојдневните контакти, конфликти, неправди, понекогаш го тераат несвесно човекот да потклекне и да се појави за миг една мала трошка омраза, но тоа е само момент, тоа не значи дека човекот ја гае и негува постојано омразата.
Човекот мора да се обидува да ги одбегнува лошите мисли, да ги тргне од себе, да ги занемари, да ги игнорира, како не би дошло до едно чувство на омраза, зошто доколку дојде, душата ќе почне да се јаде одвнатре и да се распадне на крајот.
Бидете добри, Бог го создал човекот за да биде добар, да прави добри дела, да биде исполнет само со добри мисли.
 Како што и напоменав, има секакви луѓе, различни по дух, по карактер.
Сакав да дадам осврт на луѓето кои се неисполнети.
Неисполнетите луѓе обично ги нарекуваме исфрустрирани луѓе.
Таквите луѓе се тажни луѓе, длабоко во нивната душа патат и жалат за нивниот недостиг.
Недостиг на љубов, недостиг на спокој, недостиг на мир, па дури и недостиг на материјални добра за жал.
Неисполнетите луѓе се многу несигурни луѓе, тие во ниедна нивна постапка не се чувствуваат сигурно, секој нивни чекор секој нивни подвиг, секоја нивна одлука е со несигурност.
Дури и кога се обидуваат да љубат некого, дури и тогаш не се сигурни во себеси, можеби и не умеат да љубат, можеби имаат огромна желба, но не умеат.
Тие луѓе се многу тажни луѓе, духовно празни, емотивно уште попразни и за нив среќата не значи ништо. Тие не можат никогаш да ја почуствуваат среќата.
Неисполнетите луѓе кои многу патат во животот, цел живот го поминуваат трагајќи по нешто што не постои, тие немаат одредена цел во животот, тие немаат одреден план за да можат еден ден да го реализираат.
Тие само преживуваат колку да им поминат месеците, годините….и за жал, на крајот, неисполнети и ќе заминат од овој свет.
Навистина е жално што постојат такви луѓе.
Најпрвин, сакајте се и почитувајте се себеси, бидете исполнети, не ја хранете вашата душа со омраза, бидете добри, со добра волја, зошто сепак на крајот само добрите луѓе се духовно исполнети личности.
Се она што е материјално, никогаш не може да ви ја исполни душата со спокој и мир, само ВИЕ можете да си ја исполните душата со спокој и мир работејќи на себе и секојдневно развивајќи само добри, убави и ведри мисли.
Посетено 1.966 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!