Не постојат неосвоиви тврдини, постојат само лоши освојувачи

ne-postojat-neosvoivi-tvrdini-postojat-samo-losi-osvojuvaci-1

Не постои ништо неосвоиво, иако со негација, самиот збор
го содржи освоиво во себе

Доколку верувате и се стремите да освоите некоја тврдина изградена од успеси, победи, искуства, патувања, СОНИШТА, сигурно дека ќе успеете да ја освоите после тешка битка со животот.
Тоа е така бидејќи луѓето се најсовршени суштества во светот, а нивниот мозок може да направи се што ќе посака.
Човечкиот мозок всушност е посовршен од самиот човек, замислете само како се справува со сите тие мисли кои секојдневно ви се вртат во глава.
Некои од тие мисли се претвораат во зборови зависно од чувствата кои ги чувствуваме и излегуваат на површина, но мозокот е тој кој им дава дозвола да излезат.
Независно дали се работи за чувство на љубомора, гнев, омраза, љубов, емпатија, меланхолија…
Доколку чувствувате љубомора искажувате гнев, гневот води до омраза, љубовта исчезнува и на нејзино место се вгнездува емпатијата и мелахнолијата, во најлоши слушаеви индиферентноста.
Да бидеш индиферентен е најубаво, откако ќе ги преживееш сите овие чувства и знаеш дека истите не можат да влијаат врз твоите мисли и зборови, тогаш си слободен човек.
Индиферентен или со други зборови ти е гајле за се околу тебе што е кажано или направено во (не)човечки контекст.
Откако ќе го постигнеш ова ниво на индиферентност и живееш само за себе, тогаш можеш да тргнеш во поход.
Тогаш можеш да започнеш да го освојуваш светот, а можноста да не успееш во тоа е мала, односно не постои доколку не сакаш да ја видиш.
Се зависи од твојот мозок, гледај она што сакаш да видиш, слушај она што сакаш да слушнеш, прави она што мислиш ТИ дека е правилно и согласувај се со коментарите, критиките и навредите на другите, но потоа продолжи си по свое.
Доколку некој си го довел до степен да те навредува, коментира или критикува, запомни секогаш дека тој е оној што прв се навредил, а ти како втор имаш привилегија или утешителна награда да одбереш дали ќе се замараш со него или не.
Кога ќе го сфатиш сето ова и ќе се однесуваш како што ти сака душичката, тогаш ќе сфатиш дека си господар, можеби не на цел свет, но на твојот свет сигурно.
Тогаш ќе сфатиш дека можеш да ја освоиш секоја тврдина во светот, нема да постои граница за тебе, само небото ќе ти биде невидливата граница, но ти нема да знаеш за граници.
Запомни дека нема неосвоиви тврдини, има само лоши освојувачи, а ти можеш да бидеш најдобриот, само доколку посакаш.
Посетено 3.626 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!