Дома е каде најмногу боли и најмногу се љуби
[fblike]
[fblike]
Дома е каде делиш такси за до домот со ФБ познаничка у ниедно доба. Дома е каде те препознава малиша во сон дур го транзитираш кај себе у кревет и со затворени очи, уз гушкање, те прашува дали си била среќна од каде доаѓаш. Дома е каде сркаш супа од огромна шоља и не му се секираш шо потураш по парке. Дома е кога имаш другарки кои те пречекуваат со новини ко пола живот да сте биле разделени, а имате муабети за три живота да допраите. Дома е кај шо има најљубезни сервисери на мобилни, ја слушаат причата за кварот со концентрација и поентираат со клучни решенија. Дома е каде пееш безусулно ко се тушираш. Дома е каде добредојде ти посакуваат сто нови несреќни случаи. Дома е каде слетуваш тешко од облачиња од загаденост. Дома е кога комшилук те растарашкува каде и со кого си била. Дома е кога кучето ти го пратиле на ‘поседок’ кај роднини баш кога му носиш светлечи поводник.
Дома е каде најмногу боли и најмногу се љуби. Скопје, дома остани ми, ама дај бе помалку боли ме.
Дороти Пачкова
Посетено 3.862 пати