Спектакуларен апартман на врвот на една зграда во Стокхолм

Швеѓаните знаат како да го направат тоа

lofts11

Голем, осветлен и топло декорираниот простор каде што сакаме да живееме

Веќе одамна е познато дека швеѓаните и тоа како го познаваат лагодниот стил на живот. Минимализам, функционалност, светли бои и топло уредени  интериери е тоа што го сакаме кај нив. И секогаш сме поттикнати од нив. Еден таков инспиративен стан пронајдовме во популарната Стокхолмска четврт Södermalm. Фирмата која го застапува на пазарот со недвижнини  тврди дека ова е еден од најспектакуларните пентхауси во Стокхолм. Нема зошто да не им веруваме.

lofts10

Со површина од преку 300 м2 овој преубав животен простор има многу атрибути како што се високиот таван и големите прозорци кои пропуштаат многу светлина, дури два балкони кои гледаат две различни страни од кои има спектакуларен  поглед на центарот, два камина, лифт со директен влез во станот и уште многу од тоа.

lofts8

lofts7

Во интериерот преовладува намештај во шведски стил со италијанска елеганција особено кога станува збор за кујната, а специфичен стилски детал се прекрасните заоблени прозорци. Во два одвоени етажи се наоѓаат неколку спални соби како и отворена дневна соба. Дали ви поменавме дека во прекрасното поткровје има и вински подрум? Накратко ова е идеален животен простор за современ човек.
Посетено 2.047 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!