Добро сум, за некое чудо!

dobro-sum-za-nekoe-cudo-1[fblike]

Станав како и секое утро, без енергија, без волја, со размачкана маскара под очите, разбушавена коса и скршено срце, надеж за подобри денови.
Си реков, која е причината поради која се разбудив денес или ќе биде исто како и секој ден, без причина преживување.
Имам се што ќе посакам, работа од соништата, физичка привлечност, добра душа и семејство кое се гордее со мене иако никогаш нема да ми го признае тоа, го имам него.
Имам и зборови си реков, денес ќе пишувам, тоа ќе биде причината за преживување на овај ден.
Го исправ долниот веш кој го запоставував неколку денови, ја избришав маскарата под очи со влажно марамче кое бриши се освен сеќавањата, се облеков, пуштив рок на цел глас и ја исчистив куќата.
Се почувствував среќна и продуктивна, сфатив дека секое утро има своја причина поради која се разденило пред моите очи, а таа причина сум јас!
Надеж за подобри денови нема повеќе, сите денови се добри, само треба да посакаш да ја почувствуваш нивната добрина како струи низ твојата аура.
На крај си направив кафе и седнав да пишувам, си реков добро сум, за некое чудо, бидејќи сфатив дека чудото сум токму јас.
Посетено 6.621 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!