Современ маж – татко и сопруг на кого семејството може да се потпре

Времињата се променија, но влијанието од минатото е силно и можеби е тешко да се ослободите од патријахалниот модел, каде што мажот е задолжен за заработување и материјално обезбедување на семејството, а жената за се’ останато. Модерните мажи се добри сопрузи и татковци, кои ја преземаат одговорноста и се некои на кои нивното семејство може секогаш да се потпре. Тоа значи дека се присутни и активни во семејниот живот, наместо, како некогаш, грижата за домот и децата да ја препуштаат на сопругите. Бидејќи, сопругите денес се вработени и растргнати помеѓу семејството, работата, кариерата и еднакво учествуваат во материјалното згрижување на семејството, па затоа современите мажи еднакво учествуваат во семејниот живот.

Според едно истражување, шест од десет млади сопрузи и татковци изјавиле дека семејството им е најважниот животен аспект и дека најголемо задоволство им причинува квалитетното време поминало со сопругата и децата.

Тоа претставува огромна разлика во однос на не толку далечното минато, во кое мажите скро не си ни ги познавале своите деца, а улогата на главата на семејството ги ставала во позиција на неприкосновен заштитник и врховен судија, кој ги донесува сите крајни одлуки за своето семејство. Таткото повеќе не е достојна фигура за стравопочит, со која мајките ги дисциплинираат децата („смири се, да не му кажам на татко ти што си направил“), некој кој се појавува за да подели правда, кому сите му се тргаат од патот за да може да се одмори и да се опушти во семејниот круг, после тешкиот работен ден. Таткото повеќе не е некој кој нема поим за децата, кој е неспретен и вкочанет во односот со нив и кој не знае ништо за нивните потреби и навики.

Совремемените татковци и сопрузи се грижливи, нежни и пред се’, присутни. Важно им е да имаат приземен однос на разбирање и доверба како со своите сопруги, така и со децата и нивната улога во одгледување на децата е покомплексна и поважна отколку некогаш порано.

Од некогашниот модел на глава на семејството, таткото и сопругот кој никогаш не бил присутен, а кога е, се’ се врти околу него, соврешениот маж се идентификува со моделот на татко и сопруг на кого семејството може да смета, кој е секогаш присутен и максимално вклучен во секојдневното фукнционирање на сите членови на семејството. Овој модел бил неизбежен, затоа што жените излегоа од кујната, престанаа да раѓаат едно по друго дете и почнаа да се образуваат и градат кариери и да ги освојуваат животните аспекти кои со векови им биле недостапни и скратени. Нивната улога на мајка и сопруга (управителката на домот и семејството) со тоа не се смалила, туку станала потешка и покомплексна, но вооедно направила место за новиот модел на улога на таткото, за кого порано не ни имало потребно. Современите деца имаат шанса да пораснат со заинтересирани, присутни и грижливи татковци, кои се грижат за нив колку и нивните мајки.

На современите татковци, децата им се приоритет како и нивните сопруги и тоа е прва меѓу најважните заеднички нешта. Современите татковци не го пропуштаат одраснувањето на своите деца, верувајќи дека со нив ќе се дружат многу повеќе кога ќе пораснат, туку активно учествуваат во одгледувањето на децата, од самото раѓање.

Современите мажи го преминаа моделот на помагање на сопругите – тие не се помошници, туку активни учесници, кои преземаат активност за одгледување на децата и негување на партнерскиот однос. Модерните татковци не ги водат децата во прошетка затоа што со тоа им помагаат на нивната мајка, туку затоа што тоа се и нивни деца и тие сакаат да поминуваат со нив посебно време, да им се посветат и да се грижат за нив.

Ако се сметате себеси за современ маж, веројатно се наоѓате во оваа приказна, а ако веќе сте сопруг и татко – потрудете се тоа да биде приказната на вашиот живот.

извор: man.wannabemagazine.com

 

Посетено 705 пати