Д Е П Р А

pilula_majkatiitatkoti
Во МК психичките заболувања, особено неврозите се многу чести состојби. Како што велат статистиките секој втор човек крка некои апчeнца. Но, муабетот за овие заболувања се’ уште е стигматизиран до крајни граници. Заболувањата на човечкиот организам треба да се третираат на ист начин. Имено, главата не е посебен орган, туку дел од телото. Затоа психичките заболувања не треба да се третираат како нешто страшно и нешто што им се случува на други луѓе. Како секоја болест, се третираат со медикаменти. Знаеме да кажеме кога некој е депресивен или анксиозен – па сам ќе си направиш да ти биде подобро и ќе си збориш и ќе ти помине. Жими мајка! Исто е како на дијабетичар да му кажеш – ај позбори си малку и нормализирај си го шеќерот на 4,5 единици, или на параплегичар – ај стани, имај малку волја, не се пренемагај и ќе видиш ќе проодиш. Е така некако звучат неуките, па дури и психотерапевти кои лечат САМО со збор. Е сега, кај нас ако некој има психички проблеми е луд, а доколку се болни останатите органи тогаш не е луд. До тука ни стига паметот! Психички болести не се лечат со разговор, туку со медикаменти, кои ќе ги потикнат биохемсиките процеси во клетките, а тие ќе си збркаат работа да го подигнат нивото на серотонинот – ’хормонот на среќата’. И не е ништо страшно да се разговара на оваа тема.

Инспирирана од утрински стaтус на Сашо Пижевски

Се враќаш од Грчка(или од било кај од странство) дома и после непуни 24 саата те фука нервоза, а за да земеш Хелекс или …

Posted by Saso Pizevski on Monday, September 18, 2017

595х90 px-01

Посетено 953 пати