Денови-заби

Годината има 365 заби
и само уште неколку ù останаа.
Следната недела, новата година ќе се
смее со нови заби, наредени како
бисери од гердани над гради.
Или како заби на ајкула,
наредени во три до пет реда –
остри и убиствени.
Знаете ли дека во текот на својот
живот ајкулата може да смени
дури 20000 заби?
А јас пресметав дека во мојот
живот имам сменето 19000 денови.
Паднати од листопадни календари,
оттргнати од роковници, скинати
од дневници,
денови-заби, бели како листови хартија,
па пожолтени, зашуплени и паднати.
Уште еден заб помалку –
да, еве го, се клати и ќе падне
точно на полноќ,
последниот заб на оваа мачна,
посна и штрбава година.

25.12.2013

Посетено 314 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!

Website https://animedao.nl: Watch Gate Keepers (Dub) animedao Episode 24 animedao softonic

Website https://kissanime.mx: Watch Landreaall kissanime Episode Preview kissanime uk

WCOStream: Hanamaru Youchien Special Preview anime episode Full online free at https://wcostream.cc black clover wcostream

Watch Ninjala 2D Cartoon Anime (Dub) Episode 5

Wikidot: http://www.wikidot.com/user:info/kissanimemx

Wakelet: https://wakelet.com/@animefreakws