Дали Е Ова Најскапата Реклама На Свет?
Бред Пит, Роберт Де Ниро и Леонардо ДиКаприо за прв пат заедно!
Кога ќе помислиме на филмски „dream team“ тогаш дефининитивно тоа е овој – Бред Пит, Роберт Де Ниро и Леонардо ДиКаприо . За жал, тие нема да глумат заедно во филмско остварување, но ќе се појават во реклама за синџир на казина која ќе ја режира никој друг туку Мартин Скорсезе.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТРЕЈЛЕРОТ … ДУРИ НЕ ГО ЗАБРАНИЛЕ И ОВОЈ
[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=BVhBDMzHIDk[/youtube]
Австралискиот милијардер James Packer ги ангажираше Леонардо ДиКаприо и Роберт Де Ниро да глумат во првиот оглас за неговото Манила казино на Филипините. Рекламна Аудиција (The Audition), која е во форма на трејлер за филм, коштала преку 70 милиони долари, а Каприо, Де Ниро и Бред Пит, се вели дека добиле, секој по 13 милиони долари. Спотот го режираше Мартин Скорсезе, кој и сам глуми во него. Скорсезе со ДиКаприо сними пет филмови, со Де ниро осум, а со Бред Пит…рекламата која наскоро ќе биде објавена.
Две верзии на оваа реклама, кои во средата се појавија на YouTube, веднаш станаа многу популарниo но поради неовластено прикажување наскоро беа симнати молневито од сите канали на YouTube, дури и од оние во сопственост на водечките медиски куќи (што не е вообичаена пракса кога е реклама во прашање). Се предпоставува дека сопственикот никако не сакал тој краток филм да се види пред неговата премиера планирана за летоска и званичното отворање на казината.
Извор: Вербалисти
Посетено 2.893 пати