ДА ЖИВЕЕ 1-ви МАЈ (Денот На Стечајните Работници)!

Боговите им помагаат на
оние кои работат! (Латинска поговорка)
Сакаш да кажеш нашиве стечајци треба да се
откажат од Бога!?
Досадата е болест на среќните луѓе.
Несреќните никогаш не се досадуваат
затоа што се презапослени. ( Ками)
Во Македонија среќните луѓе се
создадени од нашите живи несреќи!
Работата го заблажува животот, но
не сакаат баш сите колачи . (Кестнер)
Изгледа дека ние имаме многу шеќераши!
Честопати не знаеме ниту што работиме
а камоли дали добро работиме. ( Иван Раос)
Слушате Вие, драги мои политичари!??
cestit 1vi maj
Луѓето со задоволство се запослуваат
за да не мораат да работат. ( Јан Хербен)
Нема кај нас тоа…само 3000 од една партија
во последниов месец!
Кога работата е присилна,
животот е робија! (Горки)
Јас мислам дека авторот не е Горки туку
една наша текстилна работничка .
Дај повеќе одмор на јазикот
отколку на рацете. (Толстој)
Ете Лав(Ф)е, денеска те послушав!
Посетено 839 пати

Бата Џанго

Бата Џанго

Бата Џанго