Црвените Гаќички

crvenite gakicki_majkatiitatkoti
Седнувам на ивичњак, си ја покривам
главата со раце и си плачам во себе
-дечко што ти е?-ме прашува тротоарот
-ништо
-како ништо, не изгледаш среќно!
-па да бев среќен ќе седев тука?
-вероватно не
-а што ти се случило?
-ништо посебно, секој ден по малце
и толку, „крц“ ми направи душава
-а мене мислиш лесно ми е, не знаеш
какви идиоти ме газат секој ден, со години,
ме пљукаат, фрлаат пикавци и секакво ѓубре..
-да ама затоа им гледаш на женските
под сукњи – го прекинувам
-тоа да, сакаш да се смениме на неколку дена?
-како да се смениме?
-па ти биди тротоар, јас ќе бидам „човек“
-знаеш дека е добра идеја
И така се сменивме, веќе неколку дена сум тротоар
и имаше право, не е лесно секој да те гази….
Него чекај, еве ја доаѓа пак онаа што ми се правеше фраерка
пред 2 недели кога и се пуштав во парк и
ме гледаше со гадење како да сум лепрозен
Вчера имаше убави црвени гаќички, ако и’ беше
поткината чипката, да видам денес
што облекла?
Штоооо?, не ми се верува, истите од вчера
Не издржав :
-девојко а да ги смениш гаќиките некогаш?
Се врти збунета, гледа лево-десно, не и’ е јасно
од каде доаѓа гласот, го потспушта миничот
и со брзи несигурни чекори преминува улица
Хаха едвај чекам пак човек да станам, душата ќе и’ ја извадам
Посетено 1.378 пати