Цигари

dim od cigara_majkatiitatkoti
Со цигара правам „крукчиња“
ама од ладното се замрзнаа и паднаа на земја
Ги подигам од земја..се претвориле во вистински
Што убаво, си ги ставив во џеб
и со цигара направив чад во облик
на плава дуксерка и таа се замрзна и стана вистинска
Ја облеков, точен број сум „издувал“
Хмм, добра финта е ова, мислам дека ќе забегам
„Издував“ Буба од 78-ма, дрвена столица-лулашка,
проточен бојлер, куќа… ма на крај си „издував“
своја држава и се ставив за претседател.
Логично,никој не живее во неа освен мене
Ама зошто да се расправам со лоши комшиски држави
па си издував своја планета
Малецка е, по малце и ладничка
ама најубава е, си ја сакам
Со последната цигара „издував“ фабрика за цигари
и златна рипка (за секој случај)
Ете конечно и јас ќе си уживам
Да одморам малку во самотијава
па прво што ќе направам е да си „издувам“ девојка и другари
А ми викаа дека цигарите не чинеле..како не бе!
Посетено 687 пати