Циганчица

cigancica-pocetna

На семафор позната слика: премлада и преубава Циганчица, едно детенце во раце, друго во стомакот. Таа пружа раченце, јас давам парички и нормално отворам дискусија:

– Пак трудна, а?
– Да
– Зошто бре дете?
– Затошто сум глупава
– Ќе одиш на лекар за жени и ќе ти стави спирала?
-Шо?
– Спирала
– Не можам да го запмтам зборот
– Женскиот лекар го знае не бери гајле, ти само оди
-Сега?
– Не, откако ќе го родиш бебето.

Крај на дискусијата.
Кој е крив што младата Циганчица нема сведност за ништо? Мајка и’ и татко и’ бидејќи не и’ посветиле трунка внимание. Кој е крив што нејзините родители немаат свесност. Нивните родители. Па нивните родители, па нивните родители. Резултат: многу деца, деца, семафори, деца, семафори.
Сега за сега не гледам спас.
Дана Прелиќ

Посетено 8.893 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!