Брза помош

Некои луѓе се баш такви. Како насловот. Сврти им на телефон, прати им порака, па дури и викни од другата соба и еве ти ги тука нацртани, спремни да помогнат. На готовс. Се препознаваш?

pomos

Види, со луѓето „брза помош“ работите стојат така… согоруваат за другите, но многу ретко добиваат нешто за возврат. Дури со тек на време, другите ќе си врзат у крпче дека тоа им е некаква должност. Во љубовта, „брза помош“ ликовите се секогаш тие кои го носат поголемиот товар. Секогаш се тие што се борат за врската. Тие што иницираат разговор. Тие што прават прв чекор. И тоа не е толку лошо, но со тек на време ги навикнуваме да изгубат секаква иницијатива и да не сфатат здраво за готово. Па добро бе мајку му, љубовта НЕ функционира во еднина! Ако си и ти еден од оние „брза помош“ ликови, сигурно ќе се согласиш со мене дека нешто мора да менуваш. Не кај другите, туку кај себе. А најискрено, кај другите не ни правиш многу добро. Дури ги правиш и инвалиди. Неспособни да се снаоѓаат. Неспособни за иницијатива. И на крај, неминовното – неспособни за љубов. Па ќе ти досаѓаат за се помала и помала ситница. Се додека даваш, ќе земаат. Да. Тоа е клучот. Мораш да престанеш да даваш без да бараш за возврат. Сега ова ќе ти личи малку на трговија, но од некаде мора да почнеш. Мора да се направат нови правила, бидејќи овие сега те водат до уништување. Можеби ќе помислат дека си безобразен. Ќе протестираат, ќе се бунат. Па ќе кукаат, па ќе се жалат, и на крај, ако навистина им значиш и си им потребен, ќе почнат да молат. Мораш, ме разбираш? МОРАШ да си ги извадиш сите налепници кои те идентификуваат како брза помош. Смени го идентитетот во доктор. Доктор кој ќе биде баран заради способноста. Доктор кој заради истата таа способност и вредност, ќе биде ценет и почитуван. Ќе ја обавуваш истата работа како и пред тоа, но овој пат ќе добиеш и висока плата за тоа. Може уште денес?

Посетено 1.913 пати