Бракот

brakot_majkatiitatkoti[fblike]

Комплексна институција која главно служи за одржување на видот и прибирање во купче, на рожбите создадени од двајца партнери.  Се рабира не смее да се заборави дека бракот содржи многу бацки, гушки, чепкање, чешкање како мајмунчиња секој со секого, многу смеење и многу кавги.
Грубата поделба би била: ненормални, нормални и идеални бракови.
Последниве, не знаеме дали постојат или се само фикција ама ми личи дека некои парови навистина функционираат ептен ок. Обично тоа што личи ок ич не ок. Воздржано ќе завршиме со иделаните бракови и нема да се навраќаме.
Ненормалните бракови содржат една или повеќе од наведените состојби: комар, наркоманија, алкохолизам (сите три одат во комбинација со ќотек) и жени. Обично мажот е носител на титулите. Најчесто МК жената се мачи до изнемоштеност, бидејќи не може да се отараси од скотот, се срами од околината, крие, нема каде да побегне, нема пари, на никој нему е гајле, а законите го штитат скотот. Добитна комбинација во оваа категорија е батката да биде женкар. 
Таканаречените нормални бракови се прикаска за себе и по себе. Претставуваат една фина осцилаторна функција со минимуми и максимуми од типот: 1. ’’ Кој е бре чоеков?. Кај го најдов? Што мајка барам со овој?“ и 2. ’’Лелее ама ми се погоди човечево, тамам сме си. Шо убавко, среќа што си го земав за по дома.’’ И така нон – стоп едно 50-60 години. 
Го гледаш како спие, ’рчи како мечка во шума, даљинското си е негово, со двокомпонентен лепак залепено за градите, го гледаш со милост, го бацуваш брзински во ќелавата глава што мириса на домашна кожа. ЕЕЕјјјј домашно гнездо!

[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/tag/%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%9C/”]Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор[/button]

595х90 px-01

Посетено 1.855 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!