Блаже Конески
Го гледам седи на клупа
И со смрзнати раце пишува нешто
„здраво Баки што правиш?“
„не ме викај така, Блаже сум јас“
„е добро де .што правиш?“
„еве пишувам, нова верзија на Тешкото“
„па само ради тоа ли оживеа?
„не бе… не оживеав, само малку искочив
да ги протегнам нозе , да видам што има ново“
„Па тогаш земи прошетај по градов,
нема да го познаеш од згради и споменици
или гледај порничи на интернет
или напрај си фејсбук“ – го советувам
„што е тоа интернет, и тоа фејс..како го кажа??“
„ај батали, може да ѕирнам што пишуваш?“
„ама на никого да не си кажал“
„јас ??..таман работа“
И читам….
„О тешкото
Штом бесни коли
диво ќе писнат
Штом ауспух ќе грмне со бескраен екот
Во градиве зашто бронхитис ме стиска
Во очиве зашто ми искача херпес
Кај в автобус курнаски претепаа цвете
Убија дете “-
„ај сега не е фер да крадеш стихови“
„ е голема работа, еден-два стиха,
Некои 20 години ја крадат државава
ти си се фатил за еден стих
„и тоа што викаш, многу ќе примети некој.
Ги заболе луѓево за уметност а поготово за поезија
Гарант ќе мислат дека е нова песна
од Јован Јованов за следната Евровизија
„Башка нема кој да се буни
Го прашав Анте дали сака и он
да ми прави друштво,
ама нејќеше, знае се’ што се случува надвор
и не сака да се разочара“ – ми дообјаснува
„Добро бе ај со мене во кафана, таму пишувај
да не смрзнуваш надвор ко куче“
„Е во која кафана ?
Нема више боемска кафана во градов.
Ни клуб на новинари ни Јоле не се тоа што беа,
Букет и Бристол не постојат,
по новиве места нема да ме пуштат на врата,
не ме знаат“ – разочарано вика
„ај ќе те носам во Балет, се знам со вратарите
Башка ќе пиеме црнчиња, крш ќе се направиме
„какви црнчиња?“ – збунето прашува
„не знаеш, не постоеа во твое време“
„ама морам да се вратам пред да се стемни
тешко ќе си го најдам гробот во темница
„не бе уживај , јас ќе те вратам ….не пред да се стемни
него кога ќе се раздени, така искачаме ние сега“
Ај сега те оставам со пишувањето,
ќе поминам покасно да те се соберам“
„важи, договорено“ – ме отпоздрави
ги забриша цвикерите и продолжи со пишување
Посетено 1.006 пати