Битолските прекари, одлични се!

Дел од најинтересните битолски прекари.

prekari-bitola-pocetna

Распусто – оти е роден на 10 јуни.

Лагата! – оти има куси нозе 🙂

Резило – пошол да си купва патики по влечки и по чорапи.

Свиокот – живеел на некоја кривина!

Неспремното – оти ко му се пуштала некоја (грда?) и` рекол „не сум спремен“.

Сантимо – за сантим немал два метра кутар тој 199 см….

Ајкула – оти ко ќе тргал марихуана ајкули му излегвале.

ЌОШО – оти Ивица се вика.

ЛАНОТО – Одпрво ЛАЈНО му викаја, па се лутел многу, па после нагалено почнаја ЛАНО да го викат!

ДРЏ – домашна расна џукела.

Нитрото……..оти црногорец е детето и „екстремно е брзо”.

Во четврто, на запознавање на општеството, учителката го прашва Иле како се вика текстилната фабрика од Тетово? А овај дума, дума и едно време вели ТЕКСАС! Е, од тогаш сите го знат ко ТЕКСАС, а Иле уште само мајка му го вика.

Две први другарки беа многу суви и ги викаа СЛАМКАТА И ТРЕФКАТА.

Индексо – прв во цела мала се запишал на факултет.

ЏОГЕРО – висок, слаб со виткана коса.


Купусо
– оти се истрижал неубо и личел на зелка + љубел некоја дебелка – каца.

Ленче шц’ – сите машки шц праеле ко ќе поминела.

Џоле – Салфета! оти женска му има фабрика за салфетки. Спидот – оти секое лето шљака со speedo влечки по Широк Сокак! Кофчего – интерен прекар за една висока, згодна и мрачна металка.

Индексо 2 – единствен во друштво со факултет.

Децималнио – не е баш „точен“, нормален.

Ќор – оти на сите му викаше „Кај си Саша“ 🙂

Пеце Грдиот – оти имаше едно кремче и беше фаца и на сите им викаше: „Кај си бе, грд!“
Иначе на Жабата брат му.

ФЛОРЕ – оти љубовницата му се викаше Флорида.

Казанова – оти ко казан бил во главата.

Џони Walker – Австраљанецот шо го вртеше корзото по 20-30 пати денот.

Извор: Fail.mk

Посетено 11.167 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!