Без Влакна На Јазикот

[fblike]bez vlakna-pocetna_majkatiitatkoti
Кога ќе се сетам на твојот лик – гадно ми е, кога ќе ми дојде мисла како те
задоволував во кревет – повраќам, а кога ќе помислам што требаше да се
случи – посегнувам по својот живот. Човеку, тебе ќе ти го дадев животов!
За малку, ама за среќа не се случи. Тоа е исто како да сум се убила
самата себеси, јас немаше да бидам јас. Ти и онака го поседуваше мојот
живот, јас тебе ти бев еден класичен робот но со други механизми.
Механизми коишто залажуваат дека јас не сум твоја сопственост. Но, не
било токму така, манипулаторе! Ти и твојот дипломатски дух кој заведува
и љуби, па убива и мрази, на крајот сепак губи. Ме изгуби мене, онаа која
ти ги пополнуваше сите твои нечисти дупки, а јас го добив она што ги
пополни моите одамна недопрени празнини. Ти си тој кој лута по светот и
не знае каде оди, а јас сум таа што гордо руши се’ пред себе, ја гази и
мравката пред себе. Пријателе, ја мразам идејата да се смирам со тебе
толку многу колку што ти самиот се сакаш себе. Не помислувај на тие
нешта, биди свесен дека јас сум многу вешта, па остани ми со здравје
слушајќи ги песните за една голема изгубена љубов која не можеш ни да ја
погледнеш, од која бегаш и се криеш. Знам колку те боли, но издржи
идиоте, продолжи вака, немој да се мачиш, немој да ме бараш. Убав е
Рим, таму ќе најдеш мир, таму ќе ти летаат мислите… Ама ќе се вратиш,
пак на истото место, само различно време и ќе боли, ама овојпат повеќе.
Ќе почне да талкаш по сликите стари, а умот виновен ќе ти биде, оти не
знае тој да молчи, тој се’ ќе ти каже, нема да те лаже. А, кога ќе мислиш си
сфатил, ќе ме видиш мене, ќе ти надојдат спомени стари и ќе се прашаш
дали сум јас тоа, а одговор ќе ти дадам уште сега: „Да, проклетнику, ова
сум јас, самата се сторив, онаа што ти ја стори беше клише, лажна, еден
твој манипулаторски фалсификат кој беше залутал во просторот и
времето, но фала му на четиринаесетиот кој се смилува да ја врати, да не
легне на брачниот кревет, оти таму уште полошо ќе да било!“ Ете, така да
си знаете. Се’ што лета не се јаде. Не летајте да се мажите другарки мои,
оти после вие ќе си го јадете!
Посетено 2.943 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!