Автобуска карта

avtobuska_majkatiitatkoti

Ме пратија на службен пат во Охрид пред некоја година од работа. Ми викаат дај автобуска карта да те исплатиме. Викам не одам со автобус, со кола сакам да си одам. Ми вика благајничката – а бе ти како сакаш оди, ама ние ќе те исплатиме само во висина на една повратна автобуска карта, ни денар повеќе. И точка!

Така треба и за пратениците. Како сакаат нека патуваат, пешки, со тротинет, со болид, со воздушен балон, со авион, со глисер, со параглајдер, со ракета, гајле ми е! Треба да им се исплаќаат патни трошоци ВО ВИСИНА НА ПОВРАТНА АВТОБУСКА КАРТА, НИ ДЕНАР ПОВЕЌЕ! И ТОЧКА!

Заврши времето на заштитените и привилегираните! И јас работам и пратеникот работи. Не сум јас обична мечка која секој може да ја лови и дере, а тој ретка и тинтрена панда! И точка!

Посетено 7.024 пати