Апчиња во боја

apcinja-panker

Ми се јави дилерот имал
нова пратка апчиња, топ биле, си бираш
во каква боја ќе го гледаш светот
Ај за проба земав од розевите
Искачам надвор ама заебано е,
се’ е розево, не знаеш кај почнува небото, кај завршува,
сите луѓе и коли се розеви, тревата исто
ама кога видов розеви попови
во розеви џипови
ми пукна филм и се вратив дома
Палам ТВ , Амди Бајрам во розево џемперче
дели розево брашно од розеви вреќи
на розеви Шуткланџани.. не ми иде некако
Ај од плавите апчиња
Вртам на Храна и Вино а таму сецкаат
плави моркови и прават плави еклери.. не го бива
Пуштам утакмица Звезда-Партизан
ама не знам кој е кој..сите се плаво-плави
Нема врска , ја викнав девојка ми и таа целата плава
Толку ружно изгледаше што морав да ја убијам
и најсмешно што и крвта и’ беше плава,
иако нема врска со аристократија, од Ново Лисиче е
„Слушај“ – му се јавувам- „дај ми некој проѕирни апчиња“
„какви ти се тоа проѕирни?“
„па такви, ништо да не гледам“
И ми даде, милина една..сам сум на овој свет
што сакам си правам и така си уживам цели 10 мин.
Ама и ова е досадно, нема акција,
сакам да ми донесе шарени апчиња,
со нив мора да е најинтересно
ама не можам да го најдам телефонот
да му се јавам… проѕирен е

Посетено 1.589 пати