Абе Немој… Јас сакав да платам…

abe-nemoj-jas-sakav-da-platam-1

Постојат и машки спонзоруши, како контра реплика на вашите коментари од вчерашниот текст за оние женските.
Знаете како гледам јас на вашите коментари?
Ако нешто те исфрустрирало да коментираш негативно, значи си се пронашол во него, во спротивно би ти било баш гајле што пишува.
Ако не сум во право, поправете ме…
Точно, не може да ме поправите бидејќи сум 100% во право, кога на некој му пререкуваш за нешто што не ти се допаѓа кај него, значи самиот го поседуваш истото.
Во таквите моменти, драги мои наместо да се фрустрирате обидете се да си го подобрите животот и да не се пронаоѓате во секој напишан збор, како на пример зборот спонзоруша.
Секако дека постојат и машки спонзоруши како што напоменав на почеток, истото важи и за нив, само напишано во машка конотација, наместо женска во претходниот текст.
Она што сакав да ви го доловам преку овој текст беше насловот кој воедно ве привлече да го отворите.
Не дека јас се замарам со тоа којa е спонзоруша, којa не, само мислам дека од претходно искуство со такви, можам да ви дадам некој совет како да спречите да ве искористуваат.
Секако дека некогаш е во ред да се почастиме меѓусебно од ќеиф, но сигурна сум дека и вие како и јас го чувствувате тоа искористување во зборовите и делата на другите.
Без разлика дали се работи за пријатели, партнер, семејство, роднини…
Абе Немој…Јас сакав да платам…ова е клучната реченица.
Кога некој ви се обраќа со неа, стои со рацете во џеб додека сметката е на маса, повеќе од сигурно е дека сака да ве искористи.
Во вакви случаеви обратете се со следната реченица – “Не, јас ќе платам овој пат, наредниот пат ќе почастиш ти!”
Сигурна сум дека нареден пат нема ниту да има…
Испробајте, ништо не губите освен личности во вашиот живот кои само ве користеле материјално.
Само запомнете, никогаш не пререкувајте за сторената услуга или нешто што сте (пре)платиле некому,  животот ќе ви плати назад дупло!
А ваквите клошари  секогаш ќе си викаат – “Абе немој…Јас сакав да платам…”
Посетено 3.056 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!