5 знаци дека врската со постар маж ви е без врска

Кој е вашиот став?
5-znaci-deka-vrskata-so-postar-maz-vi-e-bez-vrska-1Секако дека врската со постар маж си има свои предности, но постојат и недостатоци кои во некои случаеви се поголеми од предностите.

Овие 5 знаци ќе ви покажат зошто не треба да стапувате во врска со постар маж или да го откачите истиот доколку ги забележите во врската која најчесто е без врска.
1. Тој ве потценува
Не само што постојано ви кажува дека грешите, ве поправа во зборувањето или ви кажува дека треба подобро да се облекувате, исто така секогаш се нуди да плати сметка потценувајќи ве како личност.
Докажете му дека сте финансиски стабилна личност, со сопствен стил и свое размислување која нема потреба од клошар како него.


2. Тој ве манипулира
Излегувате кога сака тој, одите каде што сака тој, правите тоа што сака тој, никогаш не ве прашува за мислење, а доколку го стори тоа веднаш се обидува да го смени со своите факти и совети кои ве тера да ги послушате.
Бидејќи е постар си зема за право да ве манипулира со секој потег знаејќи дека вие ќе му дозволите или воопшто нема да забележите.


3. Тој ви го наметнува своето мислење
Се што тој прави, како размислува и како се однесува е најдобро за разлика од се она што го правите вие, начинот на кој размилувате и се однесувате.
Тој постојано ви го наметнува своето мислење, верувајќи дека е позрело од вашето.


4. Тој ве бара само за секс
Уплашен од годините кои му се зад петици ве става на постојани тестови за доверба, а во тој период ве користи како секс предмет.
Доколку ги поминете неговите тестови, ќе биде со вас, во спротивно очекувајте да бидете откачени.


5. Тој не е во ред!
Зошто да бидете во врска со постар маж кога има толку помлади мажи или мажи на ваша возраст.
Размислете убаво, кога досега ниту една не останала во врска со него, значи  нешто не му е во ред, нели?
Посетено 6.525 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!