Кочо Димитровски: Од ’63-та, 20 години око немав склопено

 Така е. Цели дваесет години во период од 1963 до 1983 година, јас едноставно речено не можев да заспијам ноќе, па така кога сите влегуваа во длабок сон, јас ги затворав очите и едвај чекав да се раздени, ни појаснува за што впрочем станува збор некогашниот дефанзивец на Вардар. 

marakana
Кочо со Вардар на Маракана

Статистиката е математичка категорија која најчесто ја користат економистите. Таа им е омилена на бизнисмените, особено кога сакаат да ја презентираат успешноста или неуспешноста на нивните бизниси низ призмата на реализирани бројки. Меѓутоа кога ќе стане збор за статистиката во спортот, тогаш сите оние кои ја милуваат најубавата споредба работа на светот, едноставно речено им се поклонуваат на бројките и спортските факти пред кои и боговите молчат.

– Мојата спортска приказна започна во шеесетите години на минатиот век, кога како голем вљубеник во фудбалот решив да почнам да тренирам фудбал во Вардар. Едноставно речено отидов на Градски и од таму се вратив по цели пеесет години поминати во најомилениот клуб на светот, вели Димитровски.

Повеќе од седумнаесет години без прекин поминати во редовите на еден фудбалски клуб и неверојатни 850 одиграни мечеви во црвени-црниот дрес на омилениот скопски Вардар, се најсериозните параметри според кои фудбалската легенда Кочо Димитровски, со право може да се нарече прва и единствена жива фудбалска легенда на омилениот фудбалски клуб во Скопје.

 

savet susic i koco dimitrovski
Сафет Сушиќ и Кочо Димитровски

– Навистина сум горд што можев да соработувам со многу познати фудбалски имиња во мојата долга фудбалска кариера. Дресот на Вардар со голем успех го носеа многу познати фудбалери од Македонија и од просторите на поранешна Југославија. Во Вардар доживеав и убави и тажни моменти, на кои секогаш се присеќавам со многу емоции, ќе рече популарниот Кочо патка.Ги помина сите фудбалски категории, настапуваше заедно со многу познати фудбалски имиња, а магиите на фудбалската игра ги учеше од големи фудбалски или тренерски имиња како што впрочем беа Стјепан Бобек или Вукашин Вишњевац на пример.

Сепак, има една негова голема нефудбалска тајна, за која сега веќе омилениот пензионер од скопски Аеродром, реши да проговори дури сега по цели пеесет поминати години. Имено, Кочо Димитровски цели двеесет години неможеше да го пронајде мирот во ноќниот одмор или поточно речено сон, и оваа негова тајна ни ја открива дури сега.

– Така е. Цели дваесет години во период од 1963 до 1983 година, јас едноставно речено не можев да заспијам ноќе, па така кога сите влегуваа во длабок сон, јас ги затворав очите и едвај чекав да се раздени, ни појаснува за што впрочем станува збор некогашниот дефанзивец на Вардар.

Оваа негова лична состојба како што ни појасни популарниот патка се должи на драматичната ноќ во далечната 1963 година, кога на нашиот главен град му се случи трагичниот скопски земјотрес.

– Таа ноќ нема никогаш да ја заборавам. Бев во мојот дом во скопската населба Бирарија, со моите најблиски како младо тринаесетгодишно момче, кога наеднаш се почна силно да се тресе. Благодарение на присебноста на моите родители успеавме да излеземе надвор во дворот од куќата, меѓутоа силните потреси и неподносливиот звук нешто подоцна си го направија своето, а јас цели дваесет години останав без ноќен сон, вели Димитровски.

Неговата необична тајна, нешто подоцна, ја дознаа и многумина тогашни стандардни првотимци на Вардар, кои повеќепати се обидуваа, да го фатат популарниот Кочо во небрано.

– Додека со тимот на Вардар одевме во карантин променив шест-седум цимери и сите тие се обидуваа да докажат дека Кочо сепак заспива навечер. Меѓутоа ниту еден од нив не успеа во намерата да докаже дека јас навистина заспивам навечер. Едноставно речено што и да бев запрашан од нив длабоко во ноќта, јас веднаш им одговарав, потврдува Димитровски.

vardar koco
Вардар секогаш во срцето

За негова среќа, личниот кошмар му заврши по цели дваесет години, а несекојдневната состојба остана во историјата и за неа како за феномен ќе се зборува само во ретки моменти кога Димитровски ќе сака да се потсети на своето огромно и богато фудбалско минато.

Сепак, кога станува збор за овој исклучителен фудбалер и пред се голем човек, треба да се спомене и другата страна од медалот. Имено, сега, кога Кочо Димитровски треба конечно да ги ужива плодовите од своето полувековно фудбалско работење, од државата не ја доби соответната парична награда. Популарниот дефанзивец на црвено-црните кој во далечната 1980 година, го доби сребрениот орден за постигнувањата во фудбалот и спортот од претседателот на некогашната СФРЈ Јосип Броз Тито, сега има повеќе од скромна пензија и навистина е голема трагедија како никој досега не се сети да ја исправи оваа голема фудбалска неправда за човекот кој беше миленик на илјадници симпатизери на црвено-црната боја. На ред, се надлежните, исправетеја оваа спортска неправда.

Спортски новинар Емил Китановски

Посетено 14.461 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!