12 НАЈРОМАНТИЧНИ МАЛИ ГРАДОВИ ВО ЕВРОПА
[fblike]
Чувствувате ли потреба од малку романса надвор од градската гужва, светла и бучава? Можеби токму некој од овие мали романтични градови во Европа се место за идеален одмор кој никогаш нема да го заборавите…
1. Бриж, Белгија
Бриж често се вбројува во еден од најроманатичните градчиња во Европа, а лесно може и да се забележи зошто е тоа така. Без разлика дали ќе го посетите ова место во лето или во зима, невозможно е да не се вљубите во романтичниот Бриж.
2. Халштат , Австрија
Овој мал и скриен скапоцен камен е совршениот зимски избор кој Вие го барате. Снег? -Во изобилство. Шарм? –Неодолив. Долги романтични ноќи покрај каминот? –Незаборавни.
3. Чешки Крумлов, Република Чешка
Само на неколку часа од Прага се наоѓа неодоливо шармантниот Чешки Крумлов. Ова е идеално место за да се побегне на неколку дена од реалноста и да се ужива во чешкото гостопримство кое тешко се наоѓа во прометниот главен град.
4. Чинкве Терре, Италија
Не е тајна дека ова би требало да биде еден од најромантичните избори на многумина. Секако, ова важи од поодамна. Само со еден поглед на сликата и ќе знаете зошто, – тешко е да се победи тоа! Чинкве Терре, всушност е област која е составена од неколку мали градчиња, а тоа е само уште една причина поради која вреди да го посетите ова место.
5. Вроцлав, Полска
Не многу познатиот Вроцлав е совршен избор за патниците кои сакаат да се надвор од проодните патеки и да уживаат во град со помалку гужва и туристи. Овој град е дом на многубројна шармантна и разнобојна архитектура кадешто секоја зграда е поразлична од следната. Всушност, Вроцлав е еден голем град, но токму стариот град во Вроцлав ги освои нашите срца и си заслужи место на оваа листа.
6. Баварија, Германија
Зошто да одите само во еден град кога можете да посетите многу! Баварија е регион во Германија и мистериозна е сличноста од еден крај до друг крај па затоа не можевме да избереме само едно градче. Изнајмете автомобил и патувајте низ целата област. Ова несомнено е најромантичната област во цела Германија.
7. Сент Мориц, Швајцарија
И покрај тоа што е преполн со страсни скијачки ентузијасти во зима, Сент Мориц е вистински скриен скапоцен камен во потоплите месеци. Воедно, има и голем број на пешачки патеки во оваа област. Ова мали швајцарско село изгледа како град на духови во летниот период- што го прави совршено место за бегство на многу двојки.
8. Харлем, Холандија
Помалку познатиот Харлем во себе го носи сиот холандски шарм на Амстердам и многу повеќе од тоа. Ако сте во потрага по место кое е надвор од гужвата на Холандија, ова е Вашиот одличен погодок.
9. Порто, Португалија
Ако во минатото претставуваше само попатна станица на сите туристи и патници кои патуваа кон главниот град, Лисабон, сега, овој рибарски град стана сериозен кандидат за туризам. Тој е неверојатно шармантен и претставува точен одраз на португалската култура во минатото и сегашноста. Порто е вториот по големина град во Португалија, но стариот град е едноставно премногу волшебен и заслужува да биде вклучен.
10. Колмар, Франција
Со силно германско влијание и веднаш до границата со Франција, Колмар е неверојатно романтичено место од приказните.
11. Гдањск, Полска
Иако помалку познат од Варшава и Краков, Гдањск е подеднакво прекрасен и со сигурност е на врвот на листата на избор на тајните романтичари. Очекувајте фасцинантна архитектура, живописни ресторани и барови и повеќе од доволно романтика која ќе ве разгали за неколку дена.
12. Езерото Блед, Словенија
Непотребен е вовед, особено ако сликата сама по себе кажува илјада зборови. Веројатно не постои нешто поромантично од посета на едно од најпознатите прекрасни езера во Европа. Не пропуштајте го веслањето со брод до островот и искачувањето по скалите се до црквата.
Посетено 13.416 пати