АЛЕКСАНДАР МИТЕВСКИ

utrinsko kafe baner CRN tenokKIMBO LOGO banner

aleksandar mitevski_majkatiitatkoti
Александар Митевски, продуцент – студио Торус

Добро утро, драги мои..
Обично сум ранобудец иако музиката редовно знае да ме “заглави” до рано сабајле во моето студио. Најчесто како утрински ритуал со кафето ми доаѓа читањето реклами, кои повеќе од пет години се мојот заштитен знак. Овие денови како на филмска лента се редат и финишираат некои мои музички активности со кои е ишаран месецот ноември. Главна преокупација ми е работата со Даниел Кајмакоски и подготвување на две негови песни. Едната, оној детски хит со “Златните славејчиња” веќе цела недела врти како “Бубамара хит”, а денес ќе добие и свој видео запис. Беше тоа одлична распеана дружба со талентираните дечиња која просто ме исполнија со енергија и елан. Во меѓувреме се снимањата и пробите за “Скопскиот фестивал 2014” на кој ја подготвивме песната “Есенски лисја” на Даниел Кајмакоски. Точно 17 години не сум бил дел од ниеден фестивал за музика, но ова дојде сосема спонтано. Песната и неговиот вокал ме инспирираа да се вклучам заедно со одличната екипа на соработници и се роди едно одлично парче музика на кое сите сме горди. Имам максимална поддршка од семејството и пријателите во овие денови кога денот ми трае 28 часа.

Посетено 760 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!