12 искрени изговори за да останете дома наместо да се социјализирате
Дали некој навистина сака да прави некогаш нешто? Не е правењето нешто најлошата работа која можете да ја направите? Стенд ап комичарот John Mulaney кажува дека најдоброто од него во 2012-та година е оној дел каде што се обраќа на својата публика со зборовите:
,, Благодарам што дојдовте на ова шоу покрај другото. Навистина го почитувам тоа што дојдовте затоа што и не моравте да доаѓате. И навистина е лесно да не одите никаде. Полесно е да не правите работи отколку да сакате да направите нешто што е извонредно.,, Тој објаснува зошто правењето на некои работи е едноставно најлоша идеја која една личност може да ја има и затоа возрасните се среќни само кога седат дома и не прават ништо, наспроти децата кои постојано посакуваат да прават нешто.
Како и да е, ја сфаќате поентата дека никој не сака да прави ништо. Откажувањето на планови е едно од најослободителните и најзадоволните чувства што ги имате во животот. Можеби единствена причина за да прават луѓето планови е: да се добие ендрофин брзајќи да се откажат некои планови во последен момент пред да се случат. Со таков памет, добро е да се има многу подготвени изговори за да се извадите од ситуацијата и да останете во вашиот сладок комфор не правејќи ништо наспроти можноста да поминете неколку часа во забава. Звучи сурово, нели? Еве, како да ги одбегнете таквите грешки.
1. ,,Еј, извини, не можам да дојдам вечерва, но го имам она нешто што се вика ТВ. Сигурно си чул за тоа нели? Тоа навистина ми го одзема целото мое слободно време во моментов.,,
2. ,,Навистина сакав да дојдам на твојата забава, но кога го отворив мојот фрижидер и кога ја видов замрзнатата пица си помислив ова навистина треба да се изеде, па затоа одлучив да останам дома. Ме разбираш нели?,,
3. ,,Здраво, да, навистина не ми се допаѓа присуството на другите луѓе кои ќе бидат таму. Извини за тоа!,,
4. ,,Па, ова е сосема случајно, но видов дека само што ја прикачиле на интернет најновата епизода од мојата омилена серија, знаеш? Навистина сакам да седам овде и навистина не можам да ја пропуштам, одамна ги чекав најновите епизоди да излезат. Се надевам ќе се видиме наскоро!,,
5. ,,Дали некогаш сте се погледнале во огледало и сте си кажале Уф, каков сум денес, бљак? Ете како се чувствувам во моментов и навистина не сакам да ме гледаат денес ваков.,,
6. ,,Те молам, извини што ти откажувам во последен момент, но искрено навистина и не ми е жал. Навистина се мислев како да го откажам моето присуство од целата таа листа на повикани гости.,,
7. ,,Почнав да се подготвувам за излегување, но моето куче ме погледна со неговите слатки очиња. Знаеш на што мислам нели? Па, одлучив да останам дома и да посветам време на моето куче грижејќи се за него. Сигурно ќе дојдам следниот пат.,,
8. ,,Едноставно не се чувствувам добро кога ќе помислам дека треба да се облекувам и спремам за излегување.,,
9. ,,Последен пат кога бев на забава заглавив до многу доцна. Не затоа што беснеев на забавата. Јас всушност рано си дојдов дома, но кога го уклучив телевизорот видов дека има Доделување на Оскари, па не можев да си легнам, а да пропуштам да ги гледам. Како и да е, не би сакал нешто слично да ми се случи. Се гледаме следниот пат сигурно.,,
10. ,,Знам дека ќе пијам многу вечерва, па затоа се одлучив да останам дома и тоа да го направам дома, некако поубаво ми звучи. Плус гледајќи ја мојата омилена серија би било многу позабавно.,,
11. ,,Никогаш не обрнувам внимание на овие работи, но денес на мејл добив флаер со купон за ефтина испорака на брза храна кој важи само уште денес. Навистина не би сакал да ја пропуштам оваа можност, па затоа не ме планирај за вечер!,,
12. ,,Еј, знам дека ти откажувам во последен момент, но искрено се изненадив од твојата покана. Сакам да кажам, одлучив да останам дома вечерва.,,