ШОКАНТНО: Снег во Дојран…


Снег во Дојран, ама од голови. На градскиот стадион во Нов Дојран се одржа првенствен меч во женската македонска фудбалска лига. ЖФК Дојранско езеро во крајно неизвесен и до последните секунди напнат натрепар, ја совладаа екипата на ЖФК Плачковица од Радовиш со “тесни” 30 : 0(и со букви ТРИЕСЕТ спрема НУЛА).

Во горниот ред Фудбалерките на “Дојранско езеро”. Во долниот ред управата на клубот: најлево е тренерот Кире Изов-Капело, најдесно е претседателот на клубот Мишел Истатов, а во средината дежурниот физиотерапевт.

 

Играч на натпреварот беше капитенот Ели Јаковска, која денес не беше баш во форма и постигна едвај 11 голови.

ЖФК Дојранско езеро можеби доби уште еден натпревар, но Дојранското езеро загуби цел еден автобус туристи. Се претпоставува дека никој од гостинскиот автобус нема да стапне повеќе овде.

Посетено 2.727 пати