9 март (Извадок од книгата „Приказни од Мјаукедонија“)

– Извадок од книгата „Приказни од Мјаукедонија“

9 март

Синоќа имавме вистинска женска забава. Сопственикот на снимање, а јас со три дадилки. Изгледавме многу филмчиња, па Дотка направи печени лепчиња, Тамара донесе колачи од некоја промоција. Изедовме колку што сме тешки и дремевме без збор да си кажеме. На крајот мојата имењачка Емче, најде клопче од волница. Игравме и се смеевме како недоветни. После полноќ дојде Сопственикот. Нешто беше изнервиран од снимањето на кое заглави цел ден, и ни го пренесе лошиот филм како вирус.

Дојде мажјак и ни ја заеба осмомартовската забава.

***

Цел ден мислам на оние кутри жени од вчера што си славеа. Си ги искористија своите пет минути годишно, што нивните мажи им ги дозволуваат без проблем. Се изнаиграа, па се изнаскокаа, се изназборуваа и изоговараа се’ по ред. Но бајката заврши. Денес се враќаме во реалноста. Зборувате од типот: злато, сонце и љубов моја, се заменуваат со зборовите курво, смрдло и краво една.

Посетено 74 пати