6 јуни – „Приказни од Мјаукедонија“ од Игор Џамбазов

– Извадок од книгата „Приказни од Мјаукедонија“ на Игор Џамбазов

6 јуни

Денес некој почна да буши во влезот. Од седум. Буши ли буши. Да ти пукнат уши.

Не знам дали типчето ја заврши работата, дали ги избуши планираните дупки, ама нас начисто не’ поулаве. Нам ни остави илјадници мали, црни дупчиња во мозокот. Сопственикот не мрдна, не претна. Синоќа се наклука апчиња за притисок. Со нив призема и малку од оние за смирување.

Не знам зошто воопшто ме донесе во градот? За да ме припитоми? Е сега ме изнасмеа. Па јас сум десет пати подива отколку кога дојдов, алооооо…

Посетено 250 пати