Зошто не се плашам од коронавирусот? – Ведрана Рудан

Мене коронавирусот не може да ме изненади ниту да ме убие бидејќи постојано пратам некои портали. На Индекс скокам од минута во минута, таму сè пишува. Некои и зборуваат.

Ќе повторам што сум научила. Коронавирусот стигна во Хрватска, но не треба да се крева паника. Се јави доктор Ѓикиќ кој секогаш се јавува кога Хрватска е во крица или кога ќе открие некој лек за рак. Овој пат објави дека Хрватска има феноменални доктори кои на време ќе не известат колку има мртви и како не е време за паника затоа што сè се знае околу короната.

Вирусот се пренесе на човекот од лилјак или од она чудно кинеско животно покриена со лушпи или побегнал од кинеска лабораторија или Американците им го подметнале на Кинезите. На мене која мразам сè што е американско, ова последново највеќе држи вода. Како е можно, кажете ми, да има повеќе мртви од корона во Хрватска во која нема мртви отколку во Америка?

Како и секој крај на светот и оваа корона има своја ѕвезда. Госпоѓата која нас на темата корона, сите успешно нè смирува некое време поминала во окупираното Сараево, многу е побожна и стручна. Кога била во Сараево од бомбата ја спасил милиот Бог. Рече дека против короната не помагаат маските, не помага ни паниката, ни празнењето на маркетите, треба само да се биде опуштен и да се мијат рацете.

Јеботе! Да им им го спомнеше милиот Бог, молитвата и верата на Хрватите кои се сите католици, нејзините пораки до нив би стигнале. Често да се мијат рацете? Докторката не е нормална. И тоа со врела вода и сапун и уште дваесетина секунди?!

Утринава бев во „Премиера“, тоа е риечко кафуле во центарот, седев на маса покрај машкиот тоалет затоа што машкиот тоалет се наоѓа во зоната во која не се пуши. Ги гледав дечките како влегуваат. Се колнам дека огромен број излезе отколку што влезе. Мокри раце не видови дури ни кај оние кои во тоалетот се задржаа повеќе од петнаесет минути. Хрватите повеќе се плашат од вода отколку од корона.

Да срочам. Короната е во Хрватска, нема место за паника, се шири со кивање, плукање, валкани раце, лек нема, смртноста е мала за оние кои ќе преживеат, вакцината ќе биде година за некоја година, доктор Ѓикиќ рече дека вирусот сам ќе се изгуби кога малку ќе огрее, денес во Лика паѓа снег, од короната умираат само стари, болни од рак, срцево болни и по некое дете и млади луѓе и луѓе во средни години.

Јас сум опуштена, верувам во Бога, мијам раце, додека ова го пишувам на лицето имам маска која ја платив пет евра, мажот од Лика ми донесе грав и компир. Никому не отвораме врата, јас го пратам Индекс од минута во минута, мажот Н1 од час во час затоа што тие не шират паника.

Да, короната ја шират и мачките. Не прашувајте ме зошто нашата Пепица повеќе не е со нас. Маж ми со лопата ја тресна по глава и ја уфрли во зградата на една партија која за овие триесет години, со Божја помош, убила повеќе Хрватици и Хрвати отколку што тоа ќе го направи оваа корна и хорди короната која ќе дојде после неа.

Да. Да се опуштиме. Ебеш корона. Се знае од каде на Хрватска ѝ се заканува смртта.

Ведрана Рудан

Посетено 13.460 пати