Животот во апостолки

Плажата му се плази на морето.
Обврските се одврзани пци.
Песок и жешки стапала.
Книгата се чита сама,
одново и одново.
Чадорот засаден во песокот
гордо му пркоси на ветерот.
Погледот и бескрајот,
перспективата и ти.
Кротка квечерина и
потквасена месечина.
Газда си на својот мир,
сопственик на сегашноста.
Тивко ветре ти буричка во косата,
како на времето мајка ти
кога проверуваше
да не си фатил
вошки.

Посетено 295 пати