Што му се случува на телото кога е под дејство на алкохол

Научно објаснет патот на алкохолот низ организмот
[dropcap]С[/dropcap]ите знаеме што значи кога некој е во алкохолизирана состојба, но дали знаете што точно се случува во организмот додека е под дејство на алкохол? Алкохолот е едноставен молекул, но неговите ефекти врз мозокот се доста сложени. Тој различно делува на секој поединец и во различни ситуации. И покрај тоа што консумирањето алкохол претставува субјективно искуство одредено од многу различни параметри, сепак научното објаснување за неговиот пат низ крвотокот е ист, различни се само ефектите.

„Алкохолот делува како социјален поттикнувач, бидејќи го намалува функционирањето на лимбичкиот
систем задолжен за емоции“

sto-mu-se-slucuva-na-teloto-koga-e-pod-dejstvo-na-alkohol_image2Откако ќе стигне до крвотокот, алкохолот делува врз многу органи, а неговите ефекти се највидливи врз мозокот бидејќи тој е задолжен за однесувањето. Алкохолот делува како седатив на нервниот систем што значи дека ја успорува комуникацијата помеѓу мозочните клетки и останатите нерви. Тој делува како социјален поттикнувач, бидејќи го намалува функционирањето на лимбичкиот систем којшто е задолжен за емоции кои предизвикуваат вознемиреност и страв. Сето ова, накратко го објаснува вашето однесување кога пиете алкохол, односно причината зошто сте толку дружељубиви, опуштени и интересни во сабота навечер.

 

[button color=”#000″ background=”#9bc832″ size=”large” src=”http://pharmanews.mk/shto-mu-se-sluchuva-na-teloto-koga-e-pod-dejstvo-na-alkohol#al_mo”]Еве го патот на алкохолот низ телото …[/button]

Посетено 5.187 пати

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.