Заебана сум од раѓање, ама кој да ми каже!

Хелоу…

Денеска не беше планирана колумна, затоа што Иги мој ми го зема редот со несудената нина Џеси, ноо… што имам едно срце врело ќе препукне.

Званично зборот „нејсе“ го отфрлам од употреба, па наместо тоа ќе употребувам: имено, туку, иначе… хмм… све за љубав.

Туку, конечното туку, ајде да се префрлам на темата.

Викај ме пророчица или „таква ми е судбината“, јебига… ама се’ си мислам дека сум проколната, мајке му. Абе како е можно од 7 милијарда жители на планетава, само мене да ми се закачуваат крлежи од ист вид? Али сериозно? И пошто во принцип сум мирна и тивка особа, можеби ова никогаш нема ни да излезе во јавност, па тогаш ЗОШТО ОВА ГО ПИШУВАМ?!

Го пишувам за да ми олесни затоа што ми е смачено да се справувам 15 години со ист калибар на луѓе! А, имам само 25! Дали тоа значи дека цел живот ми е пиши пропало барем за закачување крлешчиња? Пошто, таква ми е судбината, а од субината не се бега.

Да биде уште пострашно, колку пати и да го земам пенкалото в раце, по некој Марфиев закон кој патем ако на Иги му е братучед, мене ми е татко, судбината уште толку ми се ушмљува! Бетер од хемиско пенкало кое се растекува… во црна боја и иди после извади ја, бљак!

Ете до толку сум малер.

Но, барем не сум во љубовта. Тоа се докажа пред 4 години. И во картите, обично тепам на бриџ.

Епа нема и јаре и паре, затоа ќе си трпам. Но, изгледа дека сепак во картите на судбината, нешто сум призаебала.

Јас сум заебана од раѓање, ама кој да ми каже.

Тукуу…. секоја колумна има своја поента, нели?

Па, другови и другарице, за да не се лепиите на крлежи или бидете крлеж или ставете си фактор. Не одете по места каде што врие со крлежи, не седнувајте во опасни зони каде што некој крлеж ќе ви се пикне под кожа. Инаку, овие крлежи се вистински крвопијци! Ќе ги речев пијавици, ама голем збор е за нив! Дистанцирајте се, реално гледано, вие нив не можете да ги истребите… ги имало и ќе ги има. Но, можете да ги превентирате!

Шаљем вам пољупци!

Посетено 442 пати