За Тоше… На овој ден ќе му славевме роденден…

Ангелу, чиј си сега ти? Каде си? Во чија близина си? Да можеше да ме погледнеш во очи ќе ја видеше тагата во нив по тебе што те нема, иако само од тебе душата остана. Ќе видеше колку се чувствувам виновна што не бев на ниту еден твој концерт, помислив дека твојот живот уште долго долго ќе трае… И игрите на твоите песни ќе бидат засекогаш без граници.

Се чувствувам сѐ уште добро додека ги слушам твоите песни, иако знај дека солзите во секоја секунда од секоја твоја песна се спремни да протечат. Знам дека си на добро место сега, знам дека .. Знам дека Господ те чува… Во рајот те сместил зошто човек како тебе еднаш се раѓа, затоа што ти си синот божји..
Ти благодарам што внесе толку љубов во мене, ти благодарам што од тебе научив дека постојат добри луѓе на светот. Мислам, ти беше како спиритуален водич, показател дека можеп да правиш добрини секому без притоа да се фалиш. Дека духовноста е можеби најубавото нешто што може да ти се случи, покрај љубовта. И токму затоа ме научи да нѐ го повредувам оној што го сакам, нѐ научи сите дека треба да го спасиме заедно светот, да нѐ лажеме бидејќи некој ќе биде наша казна.

Се прашувам дали си сега ѕвезда северница, дали живееш некој егзотичен сон, дали има ден повторно таму негде горе да те слушаме како некогаш? Дали ќе најдеш жена балканска, некоја малечка и убава само за тебе… Која ќе ја наречеш љубена, во чии руси коси ќе ѝ спиеш, која нема да прашуваш дали те сака само со зборови и за која ќе си спремен да играш и руски рулет само за да ја измамиш нејзината насмевка бидејќи сигурно многу ќе ја сакашКоја ќе ја врзеш за себе, која ќе биде синоока и босонога, за која ќе го лажеш секој нов рефрен, чии образи никој нема да ги гризе, која ќе биде среќна и која нема да те лаже... Која нема да биде студена и нема да има срце од камен. Која ќе биде лејди, која ќе биде девојче убава како тетовско јаболче.

Дали некогаш и негде, ако постои живот после животот, ќе ја доживееш таа магија или ќе остане само илузија? Дали малечко мое, кога ќе зајде јасното сонце, ќе се вратиш повторно на местото на злосторството каде сите нѐ остави од тага по тебе како полски цвеќиња?
Ги слушаш ли моите липтања, ги чувствуваш ли моите ноќи бессони? Дали оваа несоница некогаш ќе помине? Го молев небото секоја ноќ да ни те врати, но залудно. Нѐ скрши, нѐ парчоса твоето заминување засекогаш. Што е до мене мислам дека никогаш нема да заврши оваа болка в гради. Ќе посакав да ме држиш цврсто, ќе посакав да останам исто среќна и весела исто додека ти шеташе по планетава. Си помислувам од време на време дека во твоја чест, ќе засадам цреша. А, кога децата ќе ме прашаат зошто, ќе им објаснам, дека така ти си сонцето кое доаѓа после дождот. И ќе те оставам во аманет, секогаш кога и да дојдат кај црешата да се присетат на тебе.
И сега додека гледам во месечината низ прозорецот во оваа соба за тага, крајно време е да знаеш дека сакам да ти кажам само: Извини, што никогаш во живо не го слушнав твојот глас иако те видов и добив твој автограм. Извини, но јас не сум виновна што слепо верував во тоа дека еден ден на некое парче од Европа ќе присуствувам на твој концерт. Проклето нека е, никогаш не помислив дека ќе се лизнеш од мене, од сите нас…
Отдовме во различни патишта, првите денови по твојата смрт сонував дека си уште со нас, дека си останал и не си „побегнал“ онаму каде што велат дека е нај нај, каде нема болка и страдање, во божјите рајски градини… Дека е само глуп и страшен кошмар. Иако си далеку од мене и не знам зошто отиде… Ќе ти кажам уште една тајна: Најтешката работа беше разделбата твоја со сите нас….  Направи толку многу за овој свет, што илјади пати одново да се родиме, никогаш нема да може да се израмниме со тебе. И знам, дека никогаш овој немир нема да престане… Никогаш

Слава ти, најдраг наш

Посетено 292 пати