Светско, а наше дете! Јовче Пандев ја промовираше својата нова песна!
Ова парче музика создадено во “домашни услови” и снимено и аранжирано на гостински терени некаде по Скопје, само по себе се разликува од жанровскиот mainstream и естрадната пракса на компонирање и интрепретирање, и има за цел да ги разбие стереотипите за рок призвукот.
„Здраво на сите јас сум Јовче Пандев од Босилово,Струмица, љубам македонска музика и минатата недела се случи “Суден час” втората авторска песна, која е најава за првиот албум во декември оваа година. Имено моја музика и текст, аранжман на Иван Петровски, микс и мастер на Горан Гешовски, проверена екипа уште од првиот сингл “Денови на неволја” која е на Youtube.
Во ова време најлошо за квалитативниот естетски аспект на музиката и тоа што се нуди по дискотеки,телевизија и радија, како увезен призвук, многу е важно да се покаже дека ние како народ сме над тоа, дека имаме квалитетни музичари и интерпретатори кои ќе се изземат од “северното”,”источното” и сите други кичасти влијанија на пропагирање шунд музика. Од тој аспект многу ни значи овој нов сингл. Досегашните реакции се повеќе од задоволителни и позитивни, и тоа неверојатно го инспирира креативниот процес за нови песни. Ви благодарам и благодарност што сте и вие дел од борбата за квалитативно издигнување на музиката.
Да живее Рок ен Ролот и Македонија!“