ДУШАТА МОЈА ОСТАНА НА КЛУПА

3 саат сабајле, која будала ми звони ?dusa_panker
„ало кој е?“ – бесно одговарам
„Душата твоја бе смотан“ – ми одговара некој глас
„Душата моја?.. грешка си ја немам душа“
„знам дека сега немаш, ме даде на онаа
што седевте заедно на шанк“
„Е па што? .. сега си нејзина“
„Ама таа си отиде со друг а мене ме остави
пред кафич на клупа“
„оф леле, ама што да правам сега,
те дадов и толку“
„Па земи ме назад“
„не знам, еве ти го нејзиниот број, јави и’ се
моли ја, плачи па ако стварно
не те сака ќе те земам назад“
„еј не ме заебавај, не ме оставај овака“
„тоа е..а сега извини гледам еден филм
со двајца што бркаат една плава женска
и сакаат да ја убијат“
„Онаа што на крај ќе испадне дека е маскирано машко
и па нив ќе убие со жолт пиштол?“
„не знам, од кај да знам како ќе заврши?“
„Па го гледавме пред некој ден, ама ти ќор беше“
„Стварно?… ми го скрши филмот сега“
„И ќе ме земеш назад?“
„Не бе, пробај пак кај неа, те молам“
Му затворив и го исклучив телефонот
Што да правам , ми го кажа крајот,
не ми е интересен филмот,
а да искочам и се испоначукам?
Знам една кафана кај што примаат луѓе без души
и слични глупости, само да имаш
пари и колку-толку јетра

Посетено 942 пати