Светско, а наше… да и’ дадеме поддршка на нашата Христина!

Кога станува збор за Македонија, ќе слушнете неколку работи: убава храна, убава природа, убава музика и секако убави жени… ако не и најубавите. Вистински пример за тоа е токму нашата Христина Јаневска, инаку значаен активист во борбата против насилството врз животните и бранење на нивните права.

И кога нешто навистина е убаво, вреди да се поддржи!

Имено деновиве во Кина, во местото Гигндао, се одржува Мис Туризам, каде учествува и нашата Христина Јаневска при модната агенција Подиум.

Кики е веќе таму, на големо се дружи со останатите девојки, и е спремна да „одбрани” нашите бои со сите сили, како би да ја преставила нашата држава во најдобро светло какво што заслужува.

Финалната вечер ќе се одржи на 6.10. 2019… а нам, ни останува само да ја поддржиме бодриме! Да и’ посакаме успех 🙂

Со тебе сме, Кики!

Посетено 549 пати