Како лесно да се ослободите од „свадбарките“

Гравитациски или популарно наречените „свадбарки“ се чест проблем, особено кај припадничките на понежниот пол

Во најголем дел од случаите, кога некој ќе крене рака, најчесто погледите на луѓето се вперени во проблематичниот дел од телото, особено кај женската популација, а тоа е горниот дел на раката од другата страна на бицепсите. Тој дел од телото кога рацете се кренати најчесто е виснат и во вид на желатин кој се тресе. Слично се случува и кога некој аплаудира, тие мускули се тресат, но и по престанувањето на аплаудирањето мускулите продолжуваат да се тресат. Овие таканаречени „свадбарки“ ја нарушуваат убавината посебно на женската рака. Гравитациските мускули исто така даваат изглед на дебели раце. Но добрата вест е дека, од овие гравитациски мускули можете лесно да се ослободите.

Постојат повеќе причини кој доведуваат до формирање на овие гравитациски мускули, но секако постојат начини со кој можете да се ослободите од истите. Дел од луѓето не се до толку загрижени за својот изглед, па не му даваат значење на овој дел од телото, но, на оние што им смета и сакаат да се ослободат од нив постојат едноставни вежби кој можете да ги правите и дома и засекогаш да ги изгубите т.н. „свадбарки“. А, за вежбите ви се потребни само сет на мали рачни тегови.

Вежба за трицепс со тегови (Tricep Kickbacks)

kako-lesno-da-se-oslobodite-od-gravitaciskite-muskuli_2
Tricep Kickbacks
  • За оваа вежба ви се потребни тегови во секоја рака;
  • Наведнете се такашто грбот да ви е под агол од 45 степени;
  • Најдобро е доколку можете да не ги виткате колената, но ако неможете, свиткајте ги;
  • Започнете со вежбата со виткање на рацете се додека тие не се израмнат со торзото;
  • Останете на таа позиција кратко време и исправете ги рацете така да теговите бидат зад вас. При ова истегнување, пробајте максимално да ги затегнете мускулите на трицепсот;
  • Вежбата повторете ја 15-20 пати.

Посетено 15.942 пати

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.