Што да правите со сето тоа брашно дома!? (ВИДЕО)

Фчерашни новости им излезе во пресрет на домаќините и домаќинките кои се снабдија со поголемо количество на брашно по повод паниката заради пандемијата од корона вирусот и направи кулинарско шоу посветено на рецепти кои исклучиво вклучуваат храна и брашно. Мрзлив зелник, кроасани, фокача, мантии, се само мал број од специјалитетите кои ќе можете да погледнете како се прават.

Од сериозни вести пак, ќе може да погледнете како изгледа online час во ова современо време. Кои се предизвиците со кои се соочуваат наставниците додека мора да се адаптираат на новиот начин на предавање на учениците.

Кои нови песни ги спреми Карантин Бенд и кои се ризиците од правење свадба денес, настрана позитивните работи дека нема да мора да ви доаѓаат 300 гости кои ќе најдат маана на храната или па услугата.

Со други зборови, повелете епизодата.

Посетено 480 пати